Како изгледа Гералт во The Witcher телевизиската серија на Netflix?

По се изгледа, The Wicher серијалот станува она што беше Елена Тројанска и, ако таа успеала да лансира илјада бродови, делата на Андреј Сапковски лансираат илјадници проекти, од игри, преку стрипови, игри на табла, па сè до телевизиски серии.

Долго време не се знаеше ништо за серијата и само од неодамна почнаа да се провлекуваат интересни податоци. Па така, дознавме дека Фреја Алан ќе ја претставува Сири, а Ања Шалотра ќе навлезе во чевлите на Jенифер. Хенри Кавил, пак, ќе го глуми Гералт од Ривија. Изборот ги израдува тврдокорните фанови. И потоа се случи ова…

Претпоставуваме дека ви е потребно малку време да се навикнете на периката. Во ред е, на авторот на овој текст му требаа добри пет минути ѕверење за да се увери дека ова не е всушност некоја верзија на Леголас.

Веста беше пренесена на Твитер. Некои од фановите го пофалија изгледот, некои искажаа конструктивни мислења за тоа како ваквиот изглед (не) е достоен за оној Гералд кој го видовме во игрите. Некои пак, решија да ги засукаат ракавите и машки да ја исмејуваат периката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии