Како изгледа 2019 во пребарувањата на Google

Дејан Соколоски

во Свет

Се приближува крајот на годината и полека започнуваат ретроспективите и најавите за актуелности за следната година. Овојпат прв со листата излезе Google, а листата која ни ја презентираа е на најпопуларни пребарувања во 2019.

Годинава Google одлучи дека фокусот бил на суперхероите; како  на филмските така и на вистинските херои. Интересно најпопулани настани оваа година се спортските, крикет натпреварот помеѓу Индија и Јужна Африка е најпребаруван настан, прерано починатиот актер Камерон Бојси е на второ место, а Копа Америка е на трето место во пребарувањата. Во вестите на прво место е Копа Америка, па следат Нотр Дам и Светскиот шампионат во крикет.

Најпопуларни филмови за 2019 се: Avengers: Endgame, Joker и Captain Marvel, кај сериите веројатно очекувано најголем интерес има за Game of Thrones, Stranger Things и Chernobyl.

Повеќе за целата листа и за трендовите во 2019 на Year in Search.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии