Како ИТ експерт стана херој во апсењето на Ел Чапо

Дејан Соколоски

во Свет

Случајот против Хоакин Гузман Лоера, попознат како Ел Чапо има неочекуван херој. Полицијата го искористила Кристијан Родригез, ИТ експертот кој го изработил софтверот за криптирана комуникација на Ел Чапо, пренесе New York Times.

Кристијан Родригез во февруари 2010 година во хотелска соба во Њујорк се сретнал со „скриен агент“ на Федералното истражно биро. Агентот се претставил како припадник на Руската мафија, и клиент кој е заинтересиран да разговара со своите соработници без да биде прислушуван од полицијата. Секако успеаја да го натераат да биде нивен соработник и да им помогне да соберат податоци за картелот.

Ако бил откриен г. Родригез ќе бил веднаш убиен. Тој работејќи за Ел Чапо инсталирал софтвер FlexySpy на телефоните на членовите на картелот. Освен што на системот не можело да му се пристапи од надвор, г. Родригез му овозможил на лидерот на картелот да може да ги прислушува своите соработници кога ќе посака.

Благодарение на соработката, полицијата успеала да собере над 200 разговори во кои шефот на картелот разговара со „колегите“. Федералното истражно биро успеало да собере разговори во кои Ел Чапо сосем слободно разговара со своите соработници. Помошта од соработникот во судницата ја потенцираше и агентот Стивен Марстон.

Дел од разговорите кои се преслушани во судот покажуваат за начинот на функционирање на картелот и сведочат за корумпирањето на луѓето кои требале да ги „бркаат“. Во еден од разговорите Ел Чапо прашува дели новиот шеф на полицијата ги добил парите:

„Ел Чапо: Дали добива месечна исплата?

Гато: Да, добива пари секој месец.

Телефонот оди во рацете на полицискиот командант

Ел Чапо: Сè што може да направиме ќе направиме, може да сметаш на нас.

Полицискиот командант: Имате пријател тука…“

За Ел Чапо г.Родригез креирал VoiP систем со безбедна комуникација до која никој немал пристап. Но, г. Родригез на полицијата и обезбедил пристап до серверите на кои се чувале разговорите. Со ова полицијата можела да ги преслуша разговорите по неколку дена. Благодарение на ова, агенциите во САД имале пристап до над 1 500 разговори на картелот.

Колку долго траеше „ловот“ по Ел Чапо веројатно најдобро илустрираат годините на г. Родригез. Кога станал соработник на Федералното истражно биро имал дваесетина години, денес има 32 години.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии