Како и зошто стримот ги замени торентите за дистрибуција на пиратска содржина

Дејан Соколоски

во Веб, Вести

Ниту пиратите не се она што беа. Безбедносните експерти детектираа 15 „провајдери“ на пиратски содржини кои се одговорни за дистрибуција на најголем дел од содржините на различни веб страници. Ако пиратирањето едно време беше преку торенти, сега најголем дел од пиратираната содржина се дистрибуира преку видео стрим, велат безбедносните експерти од Group-IB за состојбата во Русија.

Веројатно стана јасно дека стрим платформите се иднина и на пиратеријата кога се појавија апликации како Popcorn Time. Со самото појавување пиратирањето стана подеднакво едноставно како пуштање филм на платформи како Netflix или Hulu. Сепак она што е поинтересно е дека и начинот на дистрибуција е променет, вели TorrentFreak.

Во 87% од случаите првите пиратирани копии на филмовите се појавуваат на торентите. Сепак торентите повеќе не се главното место за дистрибуција на пиратирани филмови. Содржината сега доаѓа од големи групации, кои потоа ја дистрибуираат преку Content Delivery Networks (CDN).

Промената е што новите пирати не само што ги доставуваат филмовите, туку имаат цела разработена мрежа која на потенцијалните креатори на сервиси за стримање ќе им помогне да ги разработат своите сајтови.

Сопствениците на CDN мрежата понатаму на сајтовите им плаќаат по CPM модел. Но, дел од целата мрежа се друштвени мрежи, пребарувачи, реклами. Рекламите се најчесто од спортски обложувалници или онлајн коцкарници.

Најголемата предност на дистрибуција на пиратирана содржина преку CDN е што дури и да биде затворен сајтот, веднаш се подига нов сајт и содржината и  кодот на сајтот се префлаат на друга локација. Не се менува ништо, па ниту рејтингот во пребарувањето.

„Пиратите регистрираат десетици имиња, содржината на страниците се пополнува автоматски, и ако страницата е блокирана веднаш рејтингот на пребарувањата се префрла на нова страница. Ова им овозможува на пиратите да останат на врвот на пребарувачот иако оригиналната содржина е блокирана.“, вели Group-IB.

Group-IB се руска сајбер безбедносна група која во својот извештај ги разгледува бројките во Русија. Сепак со оглед на тоа дека мрежите за дистрибуција се лоцирани во Европа, се чини дека состојбата се рефлектира насекаде. Руските власти не го игнорираат проблемот, дури и забрануваат страници, но системот е жилав и тешко е да се запре.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии