Како Grouper.mk и групните попусти ја oхрабруваат е-трговијата во Македонија

Само во 2013-та година Grouper.mk услужи околу 60.000 корисници кои купија над 185.000 купони од над 950 компании, од вкупно 2.195 зделки, или 91 отсто повеќе од претходната година. Иако од оваа статистика, која беше објавена на третиот роденден на сервисот за групни попусти, може да ви се сврти во главата, таа сепак е помалку импресивна од тврдењето дека Grouper.mk држи 40 отсто од севкупната е-трговија во Македонија.

Процентот, објаснува основачот на Grouper.mk, Нина Ангеловска, е пресметан според месечните извештаи на Народна банка во кои има податоци за трансакциите и обртот направен преку персонален компјутер и мобилен уред. Според овие извештаи, на годишно ниво Grouper.mk држи околу 40 отсто од е-трговијата, а сигурно добар дел отпаѓа и на другите сервиси за групно купување ако се земе во предвид нивната популарност.

[youtube]B2nkwLwHnmM[/youtube]

Можеби тајната на успехот на Grouper, Kolektiva, Wow и други сервиси за групни попусти е што се појавија во вистинско време на вистинско место. Интересно, повеќето се појавија на почетокот на 2011-та година, и сите имаа успех веднаш бидејќи нудеа попусти од 50 до 70 отсто. Од старт македонската публика ги обожаваше, а успехот беше само прашање на време. Но, тоа што изненадува денес, не е продолжениот раст, туку нивното влијание врз е-трговијата. Одговорот за популарноста на групните попусти, вели Нина, лежи во предностите кои ги нуди онлајн купувањето. Со него се избегнуваат гужви, достапно е 24/7, транспарентно е, и, тоа што е најважно за македонската публика, заштедува пари.

„Kај нас сметам дека доминира заштедата на пари која се остварува токму преку купувањето на сајтовите со групно купување, па оттаму и фактот дека сегмент кој брзо се разви и ја раздвижи е-трговијата се групните попусти. Ова придонесе голем број на граѓани за прв пат да ја направат својата онлајн трансакција, па пазарот на е-трговија полека се отвора и навиките за онлајн купување се креираат. Секако потребно е константно да се зголемува понудата и со тоа да се дадат повеќе причини за да онлајн купувањето стане секојдневие.“

Иднината на групното купување барем во Македонија е светла, не само за сервисите, туку и за публиката. Можеби локалната е-трговија е смешна, но благодарение на овие сервиси онлајн тргувањето веќе не изгледа толку страшно. Со сервисите за групни попусти корисниците сега имаат доверба дека, ете, може безбедно да се трошат пари на Интернет.

1 коментар на “Како Grouper.mk и групните попусти ја oхрабруваат е-трговијата во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии