Како Google ги мапира Галапагос за виртуелна тура низ вулканските острови

За многумина од нас, вулканските Галапагос острови, кои ни се познати од изучувањата на Чарлс Дарвин, се далечно, далечно место. Но, благодарение на технологијата и на трудот на Google наскоро ќе може да се прошетаме низ нив, па макар и виртуелно. Гигантот започна да ги мапира островите со „најуникатниот биолошки екосистестем во светот“, а турата ќе биде достапна преку Google Maps.

Подолу се фотографии како Google Street View тимот е низ 10-дневната прошетка (и гнурење) низ островите за да направи панорамски слики од 360 степени од уникатниот дом на џиновските желки. Како што вели Google, за да ги зачуваме и заштитиме островите, првин ќе мора да ги разбереме, а бидејќи сликите вредат како илјада зборови, тие ќе помогнат во понатамошните истражувања и запознавање со ова специјално место. Google соработува со Catin Seaview Survey, националниот парк на Галапагос и Charles Darwin фондацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии