Како ги организирате мобилните апликации на вашиот телефон?

Според германските истражувачи Матиас Бомер и Антонио Кругер, кои анализираа над 1.400 екрани од 130 корисници на iPhone и Android телефони, корисниците најчесто ги групираат и организираат своите мобилни апликации во фолдери според функционалност и според тоа колку често ги користат. Eве ги петте начини како секој од нас ги организира апликациите, според TechCrunch кои го водиа истражувањето кое ќе биде презентирано на ACM SIGCHI конференцијата во мај во Париз. Истражувањето не се однесува толку многу на игрите кои според корисниците брзо се заменуваат:

  • Најчесто се групираат апликации кои се користат најмногу.
  • Апликациите се групираат и по функционалност, пример поделено на игри, продуктивност, музика итн.
  • Најкористените апликации се организираат на таков начин да бидат најлесно достапни, односно да можат да се стартуваат со показалецот (кој е главниот прст за кликање на мобилен).
  • Корисниците организираат апликации и според тоа како се задоволни од нив, често и според бојата или некои шеми кои им се нив логични.
  • Некои ги организираат апликации според тоа како се однесува платформата, пример апликациите се наредени според времето кога се симнати, или пак некој ги реди според азбучен ред.

Секако многу корисници сакаат да ги организираат апликациите во фолдери. Ова посебно важи за корисниците на iPhone кои почесто си ги организираат апликациите, додека Android корисниците си играат со виџетите и ги организираат екраните да бидат пофункционални.

„Тоа што оваа истражување им кажува на развивачите на апликации и дизајнерите е дека треба да се знае какви апликации се поставуваат покрај вашата апликација, бидејќи тоа говори за потребата на корисникот. Ако, корисниците ја стават вашата апликација покрај Instagram или Facebook, можеби треба да ставите ‘сподели со’ функционалност.“, пишува TechCrunch.

[youtube]l8ll3CKHZTU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии