Како едноставна апликација отвори дебата во Собранието за загадениот воздух

Image courtesy of Gorjan Jovanovski

Доколку барате причина зошто се повеќе граѓани се гневни, а политичарите се вклучени во вжештени дебати за големата загаденост на воздухот, нема потреба да ја барате подалеку од една едноставна мобилна апликација. Moj Воздух беше креирана од Горјан Јовановски за да му помогне да научи да програмира во Android, користејќи отворени податоци од мерните единици. „Воопшто не беше наменета за широка употреба“, се смее Горјан.

Но, денес Мој Воздух е симната од над 30.000 корисници кои сега можат да го измерат (не)квалитетот на воздухот. РМ 2.5, РМ 10, NO2, CO, CO2, O3 и SO2 добија поинакво значење за граѓаните кои дознаа што претставува ова загадување, што го предизвикува и колку е максималната граница. Денес Мој Воздух се појавува на почетните страници на весниците, а од неодамна игра улога и во дебатите во Парламентот.

Gorjan Jovanovski каква фаца си, од двете страни те плаќаат, ПРИЗНАЈ! :D

Posted by Emir Al-Kafagi on Tuesday, December 15, 2015

Но, зошто Мој Воздух е толку важна апликација, кога отворените податоци кои ги презентира всушност доаѓаат од мерните станици? Одговорот е едноставен како и едноставниот изглед на мобилната апликација. Доволно е да го споредите дизајнот на Мој Воздух со дизајнот на официјалниот сајт на Министерство за животна средина и просторно планирање, и ќе сфатите дека вториот сајт е апсолутно бескорисен бидејќи прави поголема конфузија отколку што информира. Она што направи сериозна промена е апликацијата која освен што може да ја разбeреме, таа е достапна на мобилен телефон на локациите кои корисниците најмногу ги интересираа.

„Далеку од тоа дека Мој Воздух е единствена во нејзината класа. Се погоди точното време со точните податоци за да се створи бум. Но, трикот беше да се прикажат веќе отворените податоци на начин што може што поголем број на луѓе лесно да ги разберат. Кругот што стана симбол на апликацијата, е еден начин како лесно се преведуваат чудните бројки измерени од станиците во податоци што секој може да ги разбере: што полош воздух, тоа поисполнет и поцрвен круг“, вели Горјан.

mojvozduh

Иако беше само студентски проект, Горјан во моментот е во Амстердам каде ги продолжува студиите, со Мој Воздух доби шанса да влијае позитивно врз македонското општество, поточно врз македонскиот воздух. Веќе има креирано нова верзија на апликацијата која има неколку клучни новини: има албански јазик што ќе им помогне на граѓаните на Тетово да се информираат за загадувањето; додадени се графици кои подобро го означуваат надминувањето над максималната граница; и додадена е опција за следење на загаденоста во последните 30 дена.

Но, тоа што е најинтересна новина е што е додадена можност да се испрати порака до надлежните општини. „Новата верзија дозволува да се испрати поплака до општините (или во скопските општини до Градот) во два конкретни случаеви: доколку во последните 5 дена просечното загадување од PM10 честички надмине 50 микрограми на метар кубен, или доколку во последните 10 дена надмине 100 микрограми на метар кубен. Во двата случаеви според министерството за животна средина треба да се воведат мерки од Тип 1, т.е. Тип 2“, вели Горјан.

Тетовчани, денес загадувањето на воздухот достигна 10 дена над 100 микро грами на метар кубен, што значи дека теба градо…

Posted by МојВоздух – MojVozduh on Monday, December 21, 2015

2 коментари на “Како едноставна апликација отвори дебата во Собранието за загадениот воздух

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии