Но… наместо ширење страв, кој пред се доаѓа од незнаењето на повозрасните, оваа кампања за подигање на свеста на децата за интернет опасностите треба да го смени аголот и да се сврти кон разбирање дека Интернетот на помалите е нивниот неизбежен и потребен свет, не за џабе ги нарекуваме „дигитални домородци“, и дека треба да го разбереме нивниот свет за да може да ги заштитиме.

Денот за побезбеден интернет се одбележува низ целиот свет. Google стави на својата почетна страна линк до корисни алатки и информации, а во Македонија се организираа две настани. Првиот настан, „Животот на Интернет е повеќе од игра“, е во организација на Метаморфозис фондацијата каде се поканија 50-тина ученици да изгледаат филмчиња на различни теми поврзани со безбедноста и Интернет.

Вториот настан е организиран од Мicrosoft, UNICEF и Британскиот совет и беше наменет за повозрасните, односно за професорите и наставниците кои беа бројни во публиката. На тој форум, во неколку наврати се истакна немоќта и незнаењето на возрасните интернет корисници да разберат како да се справат со безбедноста на децата.

Најчестата опасност од децата, покрај сексуалните предатори, е сајбер малтретирањето, односно кога децата користејќи фотографии, чет и други веб сервиси злоупотребуваат нечии лични информации и малтретираат други деца. Тука проблемот е да се открие кога се случува малтретирањето. Најчесто, вели г-ѓа. Форук Фозат од UNICEF, самите наставници и професори веруваат дека таквото однесување се случува по часовите, но со пристап до компјутер во секое училиште сајбер малтретирањето е повеќе од реално додека децата се во училишните клупи.

Како тогаш се заштитат децата?

Прво што паѓа на памет се сервиси за родителска контрола. На форумот беше презентирана Windows Family Safety алатката за родителска контрола. Но, иако корисна алатка која дозволува родителот да следи, ограничува и да ги блокира онлајн активностите на детето, сепак ограничувањето на Facebook, Skype и чет може да значи и одвлекување на помладите од неговите пријатели.

Проблемот лежи во јазот на генерации. Се спомена дека постарите едноставно не го разбираат детскиот жаргон, или тинејџерската игра на Facebook, на пример. Се спомена и дека самите наставници и професори, и дефинитивно родителите, се далеку понезапознаени со технологијата и друштвените мрежи и затоа стануваат изиграни од децата кои знаат повеќе трикови.

Така се креира митот на интернет генерацијата, вели Дарко Булдиоски од New Media MK, кој зборуваше за како „интернет домородците“ знаат перфектно да се снајдат на друштвените мрежи, но во реалноста тие се далеку од ИТ познавачи бидејќи тие имаат само одлични познавање на своите веб рутини.

DB-Mitot Za Internet Generacijata

Одбележување на Денот за побезбеден интернет е одлична кампања. Ќе се креираат телевизиски емисии, ќе се одржат информативни претстави, ќе се поделат постери. Но, на крај ако самите наставници, родители, и сите возрасни, не се заинтересираат за детската безбедност, не се потрудат да го научат популарниот веб сервис, и ако наспроти тоа бараат „диктаторска контрола“, тогаш не очекувајте дека децата самите ќе станат свесни дека на Интернет има сексуални предатори или сајбер малтретирање кое се случува не само еден ден, туку постојано!

2 коментари на “Како до побезбеден Интернет?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии