Dropbox е еден од најпопуларните сервиси за складирање на податоци во облакот. Денес, веќе истиот брои повеќе од 100 милиони корисници, а бидејќи имаше мала историја со неколку безбедносни пропусти, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја подобрите безбедноста на вашата Dropbox сметка.

Овозможете ја двојната потврда

Two-step verification е опција која овој сервис почна да ја нуди од август годинава и овозможувајќи ја неа, секогаш кога ќе се најавите од нов уред, ќе биде потребно да ја потврдите најавата со безбедносен код кој ќе биде испратен до вашиот мобилен телефон.

Истата се активира преку Settings → Security и во делот „Account sign in“ потребно е истата да ја овозможите.

Откако ќе кликнете на „Change“,  ќе бидете прашани како да го добивате безбедносниот код. За ова, можете да изберете една од двете опции – обична текст (SMS) порака или да користите апликација на вашиот паметен телефон, како на пример Google Authenticator. Исто така, ќе добиете и 16-цифрен код за итен случај, кој ќе можете да го искористите доколку биде изгубен вашиот телефон, затоа зачувајте го на некое место кое нема да го заборавите.

Отстранете ги уредите што не ги користите

Од страницата за безбедност, исто така, можете да го отстранете и пристапот на уреди кои не ги користите. Овде, можете да ги видите сите уреди кои некогаш се поврзале на вашиот Dropbox акаунт и со кликање на копчето „Unlink“ ќе му биде скинат пристапот на истиот.

Исто така, на крајот од оваа секција се наоѓаат и активните сесии кои во моментот ја користат таа Dropbox сметка.

Поврзани апликации

Доколку го имате користено Dropbox на неколку други локации, не се исклучени шансите да имате овозможено пристап на некои трети апликации. Овие апликации најчесто овозможуваат целосен пристап до вашата Dropbox сметка, па доколку имате некоја што не ја користите или мислите дека не треба да се наоѓа на оваа листа, забранете го нејзиниот пристап.

До поврзаните апликации може да се пристапи преку „My apps“ јазичето во Settings.

Добивајте известување по мејл

За да се осигурите и секогаш да бидете во тек со тоа ако некој се поврзи на вашиот Dropbox акаунт, одлична опција која треба да ја овозможите е да добивате известување по мејл.

Известувањата се овозможуваат преку „Security“ страницата и се наоѓа на десната страна на истата. Оваа опција нуди известување кога некој нов уред ќе се поврзани на вашата сметка или кога ќе биде додадена нова апликација, изборот останува на вас, а препорачливо е да ги селектирате и двете.

И за крај, најважно – користете доволно сложени лозинки со бројки и букви и менувајте ја на одреден временски период.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии