Како да успеете на Kickstarter и другите сервиси за групно финансирање

Kickstarter и сличните платформи за краудфандинг, односно групно финансирање, овозможуваат одличен начин за реализација на идеите или барем да се види заинтересираноста на луѓето за проектот. Но, треба да знаете дека Kickstarter не функционира само од добрата волја на публиката, туку за реализацијата на проектите закачени на Kickstarter не е едноставна и бара многу работа, пишува Џејсон Сурфрап на Inc.com во текст во кој сподели и повеќе совети базирани на искуствата на Mizzen+Main за сите кои имаат идеи кои сакаат да ги реализираат со групното финансирање.

Можеби надобриот совет кој го споделија е најпрво крирање на одличен и препознатлив бренд. Ова е поткрепено со податокот дека единствено 0,001 отсто од новите проекти кои се обидуваат својот бренд да го основаат на Kickstarter се успешни. Грешка која ја потенцираат е користење на Kickstarter за зголемување на бројот на корисници или купувачи. Најголем дел од средствата во кампањите за финансирање доаѓаат од задоволните корисници и фановите. Затоа на Kickstarter се поуспешни проектите од компаниите кои веќе имаат солиден број на задоволни корисници.

Корисниците сакаат да донираат средства во успешни проекти. Поради ова препораката е првите 20 отсто од средствата кои се побаруваат да ги донираат самите креатори на проектот. Втор услов кои се однесува не средствата е да не се претерува во сумите кои се бараат. Од 55.815 успешни проекти на Kickstarter дури 48.949 побарувале помалку од 20.000 долари, а дури 41.485 барале помалку од 10.000 долари. Советот тука е сите што започнуваат кампања да ги побараат минималните средства кои им се потребни, доколку проектот е добар корисниците ќе донираат и повеќе од минималната сума.

Можеби најважен дел е контактирање со медиумите и презентација која ќе го објасни проектот на корисниците. Покрај ова потребни се одлични видеа, инфографици или едноставно слики и текст кој ќе го презентираат проектот. Кога е во прашање презентацијата видеото е најдобар избор за презентација на проектите.

Интересно се чини дека кога се прашање подароците кои донаторите им ги „подаруваат“ на корисниците, немаат некоја поголема улога кога е во прашање успехот на проектите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии