Како да си креирате персонализиран Facebook линк

Опцијата за сетирање на username-от се наоѓа во Account Settings -> Username. За да го сетирате првин е потребно да се верификува профилот преку мобилен телефон, односно преку SMS Facebook ќе ви прати код кој ќе треба да го внесете на страната.

Откако ќе го внесете кодот Facebook ви дава сугестија како да изгледа вашето корисничко име. Сугестијата е базирана на вашето внесено име и презиме, но можете да го промените. Кликнете на Check Availability да проверите дали името е достапно и Confirm да го одберете.

Бидете сигурно при одбирањето на корисничкото име, бидејќи ќе можете да го промените само еднаш!

Доколку сакате да подесите име на вашата фан страна потребно е да отидете тука и да ја одберете вашата страна која сакате да и ставите корисничко име. Меѓутоа, за да добие корисничко име потребно е вашата страна да има најмалку 25 или повеќе фанови.

Сега имате персонализиранa и препознатлива Facebook адреса која ќе можете да ја споделите и со фановите и со пријателите.

4 коментари на “Како да си креирате персонализиран Facebook линк

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии