(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Живееме во динамична ера на брз развој и промени. Често, продуктивноста е клучна за успех на еден тим, организација или индивидуа. Во најголем дел идеите кои луѓето ги имаат за да развијат нешто, остануваат идеи, бидејќи сепак „Execution is the Game!”.

Ви претставуваме неколку совети за продуктивност:

Борбата со константните прекини. Најголемите непријатели на продуктивноста се прекините. Во работната средина може да постојат мали моменти кои го одвлекуваат вниманието и фокусот. Доколку се случи прекин на сред работна задача, потребни се 23 минути и 15 секунди за да се врати фокусот во претходната задача. Повеќето луѓе најголем дел од работата ја завршуваат во текот на ноќта или во раните утрински часови. Не е случајност тоа што овие се периоди кога луѓето се сами и нема никој друг околу. Во книгата Rework советуваат дел од работниот ден да се одреди за изолирано и непрекинато време на работа. Тоа може да се направи преку поставување правило на работа од 10:00 до 2:00 попладне да не се запаѓа во муабетење кое дефокусира од работа. Важно е цело непрекинато време на работа да се изолира од сите пораки, телефонски, повици, проверка на е-маил и состаноци. Нека се седне и заврши најважната работа на денот.

Perfect is the enemy of done. Многу од задачите бараат едноставност. Тоа значи дека нема потреба од перфектен резултат. Често стремежот кон перфектност знае да ја заглави работата. Можеби овој пристап нема да наиде на воодушевување, но овозможува да се продолжи со работа и да се иде према завршување на главните задачи. Кога „доволното добро” е прифатливо и ја завршува работата, нека се продолжи така.

Не треба повеќе работа, туку поставување приорети. Наместо вклучување во многу активности, се бара фокусирање на приоритетите. Оттука, треба да се научи и кажува „НЕ!” на работи кои се привлечни, но не се приоритет. Тим Ферис во 4-hour workweek потенцира на фокусирање на 20 проценти од работата кои ги носи 80 проценти од резултатите. За оваа цел може да се искористи алатката Trello за потсетување на задачи кои се важни и итни во било кој даден момент.

Состаноци. Не организирај состаноци без чиста агенда. Не се препорачува состанок да трае повеќе од 30 минути. Да не се дозволи главење низ празни муабети. Сите луѓе се зафатени, состанокот нека се сведе на директно разговарање на најважните поенти и пронаоѓање решение.

8YOB0R5BO0

Опрема за фокусирана работа. Ние како Funky Coworking препорачуваме „remote” начин на работа. Предлагаме опрема кадешто можеш да бидеш продуктивен додека работиш од кафе барови, од дома или coworking простори. Слушалки со изолација од бучава се од огромна корист.

„Денот по утрото се познава”. Воспоставување навика и ритуал за полнење на батериите за денот што те чека. Секое утро да се почне со џогирање, медитација, пишување на дневник или пиење кафе со најблиските. Пронајдете го ритуалот којшто би направил „boost“ за да се чувствувате убаво за сите мачни обврски кои чекаат да се извршат во текот на денот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии