Како да не ве додаваат во WhatsApp групи?

WhatsApp е корисна апликација за социјализација, но една работа долго време се провлекуваше како трн во окото за повеќе корисници. Тоа е желбата на вашите контакти да ве додадат во што е можно повеќе групи, без да ве прашаат дали сакате или имате интерес во таквото нешто. Од неодамна, WhatsApp овозможи услови за ставање крај на ова.

Со дополнувањето во одделот за приватност, сега можете да добивате покани за група кои можете да ги прифаќате или одбивате. Но, за да уживате во предностите на оваа опција, морате на кратко да ги засукате ракавите и да кликнете на менито со трите точки од апликацијата WhatsApp. Од тука, изберете Settings, Account, Privacy, и потоа навлезете во новата категорија Groups. На располагање имате три опции. Доколку ништо не сте чепкале ќе видите дека е изберена првата од трите понудени. Everyone значи дека секој може да ве „адне“ во група, My Contacts значи дека само ваши контакти можат да ве приклучат кон некоја група, а Nobody е нирвана и ултимативниот избор за сите кои се лесно вознемируваат од додавањето во групи.

Со активирање на опцијата Nobody, секојпат кога некој ќе ве додаде во група, ќе добиете покана која можете или неморате да ја прифатите во наредните три дена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии