Како да научите Python во 5 чекори, совети од Костадин Ристовски

Учењето на било кој програмски јазик, па и Python е пат кој е различен за секој.Сепак, има следните 5 чекори би Ви било од помош за полесно, но и поефикасно учење.

Чекор 1: Дефинирајте цел. Што сакате да научите и зошто?

Чекор 2: Креирајте јасен план. Дали би учеле од книга или видео? Колку време во текот на денот или неделата би можеле да одвоите за ова?

Чекор 3: Пишувајте го кодот. Гледањето видеа или единствено учењето од книга, не е доволно. За подобро да запомните пишувајте го кодот.

Чекор 4: Учете без прекинувања. За да најдобро да го искористите времето поминато во учење, тргнете ги сите оние работи кои може да ве деконцентрираат

Чекор 5: Погледнете наназад. Доколку еднаш неделно направите пауза од ова и погледнете наназад, може доста да научите за вашиот напредок или недостаток од напредок. Прашајте се, како она што сте го направиле во текот на неделата се споредува со она што сте сакале да го направите согласно вашиот план. Дали поминавте доволно време? Доколку не, која е причината? Што би можеле да промените во иднина?


Напомена – текстот го напиша Костадин Ристовски, тој е автор и на туторијалите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии