Како да направите скриншот на која било направа?

Кога се работи за правење скриншоти, односно „сликање“ на вашата моментна работна околина, обично одите со Print Screen копчето, или комбинацијата од копчињата Fn+PrtScn (или Window + PrtScn). Потоа, сниманото го префрлате во програм како Paint и, од таму, го сочувувате како сакате. Но, што доколку сакате побрзи или понапредни методи? И не само на PC, туку и на вашиот телефон/ таблет, независно од оперативниот систем? Одиме!

Скриншот во Windows

Покрај горе-спомeнатиот начин, можете да ги искористите предностите на Snipping Tool, Како и Snip & Sketch за целосни или делумни скриншотови. За да дојдете до алатката, напишете во полето за пребарување Snipping и алатката ќе се појави. Комбинацијата на копчињата Window + Shift + S, ви дозволува да одберете што од околината сакате да биде снимано. А, оние кои користат Windows 10 можат да ги искористат и предностите на Game Mode. Претиснете Win+G и од појавениот прозорец, изберете Camera за да направите скриншот, или да снимате цело видео од работната околина. Благодарение на автоматското сочувување, можете да направите и повеќе скриншотови, еден по друг. Во случај да барате нешто поразлично, како надворешни програми за ваквата намера, читајте нè и во наредните денови. Не ви кажуваме сè од еднаш! :)

Скриншот во Chromebook

Додека го држите Ctrl копчето, претиснете го и Switch Window копчето, кое се наоѓа во горниот ред од копчиња. Кај одредени chromebook компјутери, потребно е да го држите и копчето Shift. Скриншотот кој ќе го направите со ваквата постапка ќе биде сочуван во фолдерот Downloads.

Скриншот во macOS

За избор од пет можности за „снимање“ на работната околина, корисниците на macOS Mojave, треба да претиснат Shift + Command + 5. Сите останати, претиснуваат Shift + Command + 3 за цел екран, или Shift + Command + 4 за прозорец.

Скриншот во Android

Претиснете го и држете го копчето за намалување на тонот заедно со Power копчето. За пофлексибилни можности, има и една ислучително корисна апликација за Android системот. :)

Скриншот на iPhone

iPhone X корисниците прават скриншотови со претискање и држење на страничното копче на телефонот заедно со копчето за зголемување на тонот. Корисниците на постарите iPhone телефони потребно е да го држат горното или страничното копче во комбинација со Home копчето. Штом ги пуштите копчињата, скриншотот е направен.

Скриншот во Bios

Приклучете FAT32 форматирано USB стикче. Кога ќе влезете во BIOS-от можете да направите скриншот така што го претиснувате Print Screen копчето, или F2 (зависи од компјутерот). Доколку компјутерот го препознае USB-то, шкриншотот ќе го најдете во стикчето, како .bmp слика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии