Како да кратите линкови со Пинг.мк (и зошто)

Ако сте твитерџија или твитерџика, или и без тоа често имате желба или потреба да препраќате скратени линкови, може за тоа да го користите Пинг.мк и да обезбедите дополнителна промоција на линкот меѓу неговите корисници со кои не се познавате.

Најчесто за кратење кај нас се користи bit.ly или слични странски сервиси, како и домашниот 0.mk. Тие имаат свои предности, ама јас го препорачувам Пинг.мк бидејќи со кратењето линкови преку него ем овозможувате дополнителна промоција, ем на читателите на линкот што го препорачувате им се појавува лента со алатки преку која може директно да гласаат за него или да го коментираат. Ова е особено полезно во случаи кога линковите се од сајтови што не дозволуваат коментирање или имаат некакво филтрирање/априори цензура, на пр. сајтови од македонски традиционални медиуми.

Упатството е:

  • Гледаш кул линк. Го копираш.
  • Наместо на bit.ly, одиш на Поднеси на Пинг.мк (http://r.ping.mk/submit)
  • Го внесуваш линкот со наслов и опционо со кус опис во соодветна група (категорија) или во општо ако не ти текнува каде.
  • Пинг.мк креира и ти прикажува посебна веб-страница за линкот, на пр. ваква.
  • Во десната колона малку подоле имаш „бокс“ со сина позадина во кој првиот ред пишува нешто како „линк од алатникот http://r.ping.mk/tb/150u
  • Ете го краткиот линк, кој може уште повеќе да се скрати со бришење на тоа „tb/“ и да гласи http://r.ping.mk/150u ако сакаш да заштедиш +3 карактери за во твитот
  • Таквиот краток го користиш исто како од bit.ly, го копираш во твит и другде
  • Тие што ќе го кликаат го добиваат оригиналниот напис плус лента со алатник да може да гласаат и коментираат директно на Пинг.мк…

Сите штедат на време, добиваат на интерактивност и видливост, оти така внесениот линк се појавува и во избраната категорија на Пинг.мк, а и на насловната страница во делот „нови“ (поточно, „нови: гласани“ – оти со самото внесување од човек има добиено еден почетен глас).

Ако сакате да скратите линк до страница од Пинг.мк, тогаш е доволно од целата адреса која има форма r.ping.mk/r/име_на_група/comments/код/име_на_линкот да ги задржите само r.ping.mk/comments/код што во горниот пример би било http://r.ping.mk/comments/150u.

5 коментари на “Како да кратите линкови со Пинг.мк (и зошто)

  1. Најпаметно ќе било да се проба да се оствари соработка меѓу ping.mk и 0.mk да има некоја opt-ин опција да се прикаже текстот и на ping.mk кога го кратиш со 0.mk затоа што тој сервис (како и другите од тој тип) нуди и статистика, што е многу важна компонента денес кај ваквите сервиси ;)

  2. Се‘ е тоа убаво, само што на ping.mk претходно треба да се регистрираш, за да можеш да се најавиш, па дури потоа да кратиш долги УРЛ-а — предуслов кој не го наметнуваат ниту tinyurl.com, ниту tiny.cc, ниту bit.ly…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии