Како да користите фотографии без авторски права?

Во случај да имате веб сајт или блог, вашите мисли добиваат поприфатлива форма кога ќе пробате да ги одбележите и со фотографија. Но, не се сите фотографии без авторски права. Она што обично работиме е пронаоѓаме соодветна фотографија преку пребарувачкиот енџин на Google и ја користиме истата за нашите (не)комерцијални цели. Арно ама, со таквото нешто се ризикува нарушување авторски права. Шансите дека ќе наидете на проблеми од ваквата пракса можеби се чинат како мали, но сепак не би требало да се ризикува.

За да се погрижите дека секогаш користите фотографии без авторски права, ве советуваме да се запознаете со релативно новиот пребарувачки енџин CC Search. Енџинот подлегнува на лиценцата за креативни заедички содржини, односно Creative Commons licence.

Едноставно внесете ги зборот или фразата за која барате слики и со кликнување на копчето за пребарување, ќе започнете чешлање низ 300 милиони слики. Сите овие слики се уредно подредени во 19 колекции, а се извлекуваат од музеи, Flickr, Rawpixel, Behance и слично. За нивно листање се користат отворени API, како и Common Crawl базата на податоци.

Во поглед на филтрирања, можете да изберете прикажување на резултатите според видот на лиценцата и провајдерот, како и да се изјасните дека планирате да менувате одредена слика или пак да ја користите за комерцијални цели. Сајтот одлично прикажува како сликата за која сте заинтересирани може да биде искористена, со какви имплементирани својства и со каков HTML код.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии