Како да контролираш нечија рака само со твојот ум?

Мозокот е фасцинантен и комлексен орган, вели неврологот Грег Гејџ во својот TED говор. „Иако многу луѓе се фасцинирани од него, сепак не можат да кажат многу за начините на кој мозокот функционира, бидеќе неврологијата не се предава во училиштата“, објаснува г. Гејџ, кој се залага за промовирање на оваа дисциплина, со што би се зголемил бројот на луѓе кои кои ќе имаат поголемо знаење и искуство во оваа комплексна област.

Г. Гејџ е основач на Backyard Brains, компанија која ја стартуваше со својот пријател и колега Тим Марзуло, која е посветена на креирање на DIY (направи си сам) опрема за истражување на мозокот. Една од апаратите кои ги креираа во Backyard Brains ја претставија и на TED, а презентацијата овозможи мрдање на рака со помош на human-to-human интерфејс, и тоа преку „читање“ и препраќање на мозочните сигнали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии