Како да изработите кутија за моливи од дискети

Со напредокот на технологијата, особено хардверот, секој од нас има голем број на дискети кои повеќе не ги користи. Затоа ви претставуваме кратко видео со инструкции за како да изработите кутија за моливи од дискети. Видеото е најава за креативната работилница за реупотреба на е-отпад, во рамките на конференцијата е-Општество.мк.

Несоодветно фрлените електронски уреди и делови, накратко именувани е-отпад (електронски и електричен отпад), претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи содржат токсични елементи кои се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Справувањето со овој вид на отпад често е комплицирано и за жал во Македонија во моментов нема организиран систем, но сепак постојат начини за правилно третирање.

Овој текст е дел од проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.

2 коментари на “Како да изработите кутија за моливи од дискети

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии