Како да го направите секој софтвер пренослив на USB?

Употреба преносливи софтверски алатки директно од вашето USB знае да биде исклучително корисно. Таквите апликации ниту заземаат простор на вашиот хард диск, ниту пак ја забавуваат работата на вашиот компјутер. Веб сајтови како PortableApps ви дозволуваат да инсталирате преносливи верзии за одредени програми. Одреден софтвер, меѓутоа, не е достапен во пренослива форма.

Софтверска апликација како Cameyo ќе ви помогне да ги засукате ракавите и самите да овозможите преносливост кај саканите програми. Едноставно инсталирајте го саканиот програм на вашиот компјутер и направете пренослива верзија од истиот. Cameyo ќе ви дозволи да ги копирате и покренувате ваквите програми директно од вашиот USB стик. Пред да пробате да направите нешто преносливо, не е лошо да го проверите веб сајтот на Cameyo. Таму, можете да најдете бројни преносливи програми.

Со покренувањето на Cameyo, апликацијата го „слика“ компјутерот во две положби, односно, пред и по инсталирање програм, а потоа го прави истиот пренослив. Штом ќе инсталирате некој програм, можете да го покренете и да си го прилагодите според вашиот вкус. Откако ќе ги направите сите сакани промени, кликнете Install done копчето кое се наоѓа во Cameyo прозорецот.

Следниот чекор е трпеливост од неколку минути и дозволување на Cameyo да ги зграпчи не само фајловите туку и релевантните инпути во регистарот. Од тука, останува да го најдете создадениот фајл и да го префрлите на вашето USB. По првото покренување на преносливиот програм може да се случи да почекате малку повеќе. Тоа е затоа што Cameyo мора да ги отвори потребните фајлови. Секое наредно покренување на преносливата апликација ќе биде инстантно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии