Facebook нуди реклами со шанса да таргетирате посебна публика според нивните интереси, возраст, локација… и се тоа да одговара на вашиот буџет.

Прво што треба да направите е да ја креирате рекламата. Ќе треба да го внесете URL-то на вашиот сајт или доколку немате сајт тогаш Facebook страна/профил на вашата услуга или продукт. Facebook рекламите се мали, а линкот треба да ги одведе корисниците на место каде што има повеќе информации.

Има Suggest an Ad копче за Facebook да ги извади мета податоци од сајтот/страната и да ја креира рекламата. Често оваа опција може да даде лоша реклама, па најдобро е да си креирате некој интересен наслов и да си напишете свој текст.

Од страната се прикажува како изгледа рекламата. Но треба да знаете дека сликата на рекламите не е над текстот, туку сега со новиот дизајн на прифилите, сликата е поголема и се поставува од десната страна.

Кликнете на Continue да продолжите. Сега доаѓа делот за таргетирање на правата публика. Внесувате земја и демографија на возраста и полот.

Прво нешто важно е статистичката бројка од страна, која прикажува можна публика на која ќе и биде прикажана рекламата. Пример започнува со 600-те илјади корисници од Македонија од 18 до било која година. Како што ги стеснувате изборите, како повеќе таргетирате, така бројката се менува зависно од можната публика.

Тоа што е интересно е можноста да ја таргетирате рекламата според Like и интересите на публиката, според нивните пријателства и конекции. За точно таргетирање потребно е да направите мало истражување за какви се групи, настани и апликации има на Facebook. Исто така, имајте на ум дека интересите на Facebook се на англиски, така да ќе ви треба да ги погодите правите интереси.

На крај додавате дали рекламата да таргетира луѓе на роденден, во кога се заинтересирани, во мажи или жени, какви врски имаат, јазици и според степен на образование.

На крај следува одредување на буџетот. Одредете валута, име на кампања, буџет на ден, од кога до кога да биде кампањата…

Тоа што е важно е одредување на плаќањето за рекламата. Има плаќање по импресија, што значи дека секое 1000-то прикажување на рекламата се наплаќа, или плаќање според клик, што значи Facebook ќе ви наплати само ако некој кликне на рекламата.

Доколку имате поголема публика и целта на огласот ви е брендинг, односно да ја видат што повеќе луѓе, препорачливо е да одите со моделот по импресии, додека доколку имате сегментира

Имате опција за одредување колку ќе платите за импресијата, односно кликот, дневно, со што добивате информација колку пати таа реклама ќе се појави кај корисниците.

На крај прегледајте ја рекламата и кликнете Place Order.

Oткако ќе ја креирате рекламата Facebook ќе ве одведе на Ad Center каде може да прегледувате дневна статистика за успешноста на вашата реклама.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии