Како да ги гледате сите популарни серии на Netflix?

Netflix на почетокот на годината овозможи пристап до сервисот во целиот свет, со исклучок на четири држави: Кина, Северна Кореја, Крим и Сирија. Најверојатно веќе знаете дека сервисот е достапен и во Македонија, а со оглед дека Netflix стои и зад петте најпопуларни ТВ серии, ова се навистина одлични вести.

Но, еден од предизвиците пред Netflix е креирање на сервис на кој повеќе или помалку ќе бидат нудени иста или барем слична понуда без разлика во кој регион се наоѓа државата. Проблемот не е единствен за новите пазари, па така популарната серија Better Call Saul е достапна на британската верзија на Netflix, но не и во САД. Orange is the New Black на пример иако е продуцирана од Netflix не е достапна во понудата на сервисот во Израел, бидејќи локален ТВ сервис ги има правата за серијата. Ист проблем има и во Македонија, иако популарните серии не одат на локалните телевизии, што во теорија би требало да го олесни лиценцирањето. Но, во Македонија немате пристап до некои големи хитови како House of Cards, Sons of Anarchy и други.

Сепак постои решение. За заобиколување на оваа пречка корисниците кои преистапуваат преку прелистувач можат да користат некоја од екстензиите кои го залажуваат сервисот дека пристапувате од САД или друг регион како Hotspot Shield или Hola Unblocker. Доколку саката да ја гледате содржината на телевизор, тогаш е потребен VPN сервис кој ќе ви овозможи гледање на содржините како да пристапувате од друга локација. Повеќе дискусија има на форумот на IT.mk. (tnx Киро Велковслки за линкот)

5 коментари на “Како да ги гледате сите популарни серии на Netflix?

  1. Mislam deka kompanijata od hrvatska, Pickbox, gi ima ekskluzivnite prava na povekjeto popularni serii koi vo SAD odat na Netflix za celiot region, vklucuvajki ja i Makedonija….pa ostanuva na netflix ili da gi kupi pravata ili da go kupi pickbox :) iako licno ne veruvam deka mnogu ke se sekira za nasiov pazar…barem zasega.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии