Како да бидете продуктивни кога работите од дома

Работењето од дома овозможува зголемена слобода, но и зголемени предизвици. Самите сте одговорни за распределба на вашето време и за дисциплината да бидете продуктивни. Самото тоа што нема никој друг околу вас што работи може многу лесно да ве наведе кон прокрастинација и губење време. Ова се моите топ 3 техники за зголемување на продуктивноста.

Имајте дневна мисија

Мојата дневна мисија се состои од 3 категории:

1. Мастер листа на задачи

Мастер листата на задачи ги содржи сите задачи кои треба да ги завршам денес во врска со мојата работа. Оваа листа ја креирам навечер за наредното утро да сум подготвен и да не размислувам што да работам прво, што второ.

Еден совет од одличната книга Eat that Frog е да ја ставите најважната или најтешката задача прва на оваа листа и неа прва да ја завршите кога ќе почнете со работа наутро.

2. Пишување на дневник за продуктивност

Ќе ги објаснам подетално придобивките од дневникот во наредната секција, но генералната идеја е забележување на настаните од денот со одредена цел.

Пример јас ја оценувам мојата продуктивност на крајот од денот и запишувам кои настани довеле до неа, кои се позитивни во однос на продуктивноста, а кои негативни.

3. Забележувајте ги вашите навики

Третиот дел од Дневната Мисија е забележување и останување конзистентни со неколку навики кои сакатe да ги усвоите. Пример: вежбање 3 пати во неделата или медитација 5 минути наутро.

Забележувањето на деновите кога ги комплетирате навиките многу ќе ви помогне со мотивацијата во деновите кога ќе си помислувате да се откажете. Ова може да го правите на физички календар или пак во апликација:

Придобивки од Дневната Мисија:

  • Започнете го денот со јасен план и цел.
  • Поделба на периодот за планирање (навечер) и работење (наутро).
  • Имајте мерка што треба да сработите денес за да овој ден биде успешен.
  • Завршете го денот знаејќи дека сте направиле доволно.

Помодоро интервали

Техниката Помодоро традиционално претставува начин на работење каде работите во интервали од 25 минути со 5 минутни паузи помеѓу нив. Овие интервали функционираат за одредени видови задачи, но за други не.

Подесете ги циклусите според видот на задача

За работите во кои сум искусен и кои бараат поголема концентрација, како програмирањето, јас работам во интервали од 40 до 50 минути со 10 минутни паузи. 

Но, за пишување артикли користам 25 минутни интервали со 5 минутни паузи. Експериментирајте со ова и дознајте што функционира најдобро за вас.

Подготовка и Преглед

За најголем бенефит од оваа техника многу е битно подготовката пред работните интервали и прегледот по завршувањето на секој од нив.

Подготовка пред секој интервал

Одговорете ги овие три прашања:

  • Што точно ќе завршам овој интервал?
  • Како ќе започнам, кој е првиот чекор?
  • Можни блокади и како ќе се справам со нив?

Овие три прашања ќе ве наведат да размислете подлабоко на задачата и да ја поделите на мали, конкретни делови кои можат да се завршат за време на еден интервал.

После секој интервал

  • Дали ја завршив задачата?
  • Какво ми е нивото на енергија?
  • Дали ми е потребна подолга пауза?

Придобивки од Помодоро интервали

  • Ве наведува да ги делите задачите во мали конкретни делови кои се лесни за извршување.
  • Полесно го задржувате вниманието на една задача која ви е битна, ќе одговорите на сите мејлови и пораки за време на паузата.

Водење дневник за продуктивност

Дневникот се состои од баланс помеѓу забележување и прегледување.

Забележување

На крајот од секој ден ги забележувам главните работи кои се случија во областа на професионалниот и личниот живот, но имам и неколку прашања кои ги одговарам наутро или навечер:

  • Напиши три работи за кои си благодарен
  • На што се радуваш за денешниот ден
  • На скала од 1 до 10, оцени ја денешната продуктивност

Погледнете го целосниот template за дневник овде.

Во врска со забележувањето на настаните, пишувајте во онолку детали колку сакате, не постојат правила, дневникот е за само-експресија и за смирување на умот со вадење на мислите надвор од него.

Преглед

На крајот на секоја недела (еднаш неделно е доволно) правам преглед на дневните записи и откривам работи за себеси. 

Помага доколку имате апликација каде можете одеднаш да правите преглед и да запишувате на еден екран 

Овде си поставувам прашања како:

  1. Кои денови беа најпродуктивни и што имаат тие заеднично. 
  2. Кои денови беа најлоши и што имаат тие заедничко.

Овие прашања се одлична вежба за мозокот во Недела кога не сме преокупирани со работата и можеме мирно да ја испланираме наредната недела.

Ќе забележите дека е многу лесно да дојдете до интересни сознанија и подобрувања во вашата рутина кои можете да ги примените веднаш од наредната недела.

Придобивки од дневникот за продуктивност

  • Смирете го умот со пренесување на мислите надвор од него.
  • Откријте ги вашите позитивни и негативни несвесни навики со неделниот преглед.
  • Зголемете ја вашата свест за дневното ниво на продуктивност со нејзиното оценување секоја вечер
  • Јасно испланирајте ја наредната недела пред да започнат брканиците во понеделник.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии