Ако не сакате да ја избриште друштвената мрежа, тогаш барем бидете побезбедн. Има неколку работи кои може да ги направите за да бидете побезбедни.

„Откачете“ ги непознатите апликации од трети производители

Ова можеби и не е најголемиот проблем на друштвената мрежа, но со  оглед на тоа како започна скандалот не е лошо да го ставиме на прво место.

Во Facebook Settings одете на апликации, па на Apps, Websites and Plugins, тука се податоците од сите апликации кои го користат facebook за логирање.

Ако одамна не сте го направиле ова, листата ќе биде подолга ама за среќа лесно е за отстранување. Отстранете ги сите апликации кои не ги помините или не ги користите.

Кога ќе завршите со отстранување на сите апликации кои не ви се потребни, важно е да направите уште еден чекор. Кликнете Edit на коцката Apps Others Use. Зошто е ова важно? Бидејќи кога вашите пријатели превземаат апликација на која и даваат пермисии да пристапи до нивните податоци, таа апликација всушност ги зема и вашите податоци, иако вие воопшто ја немате инсталирано таа апликација. Тие апликации може да пристапат до вашиот профил и да видат што има на него, како што тоа би го направил некој ваш Facebook пријател.

Затоа тргнете ги сите опции кои ви се селектирани и кликнете Save.

Препознавање на вашиот лик

Секогаш кога некој, некаде на Facebook ќе додаде слика, Facebook ве препознава и ве тагира дури и без ваше знаење. Наводно, алгоритамот за препознавање на Facebook е толку напреден што може да ве препознае со 98% точност и дека може да препознае една личност на слика од 800 милиони за помалку од 5 секунди. Ако ова ви звучи и малку страшно, тогаш исклучете ја оваа фунционалност. Одете во Setting>Facial Recognition>Edit>No

Исклучете ја локацијата

Да бидеме искрени не постои причина да ја споделувате локацијата цо Facebook. Facebook ја користи да ви праќа порелевантни реклами. Facebook не го користите како мапа, па нема причина за споделување на локација.

Во нагодувањата на телефонот одете на Settings >Security & Privacy > Location Services и одберете која апликација треба да има пристап до овие податоци. Или склучете ги за сите.

Ограничете со кого споделувате постови и содржина

Зависи дали сакате да објавувате јавно или само за пријателите. За жал, нема универзално споделување за сите, па мора да да си одредите кои постови најчесто ги споделувате. За некои корисници е добро да стават пријатели. a за некои да ги држат отворени за сите. Ова зависи и од содржинта која ја споделувате, па најдобро е единствено да внимавате.

Отстранетe ги сите лични податоци и реклами

Притиснете на „?“ во десниот горен агол, одберете Privacy Checkup. Разгледајте ги податоците кои ги споделувате и со кого ги споделувате, ако нешто не ви се допаѓа променете го. За сè што не сакате да споделите одберете „only me“ во полето за податоци. Завршува чекор 1, одберете More privacy или More About Privacy.

На страницата за реклами во Ad Settings делот, „Show online interest-based ads:“ одберете „OFF“.

Преземете ги вашите податоци кои Facebook ги поседува

Можеби не знаевте, но вие може да си ги преземете податоците и да видите што сѐ Facebook знае за вас. За да го направите тоа, следете ги чекорите на следниот линк.

Радувајте се дека профилот ви е малку побезбеден, секако до следната објава за пропуст…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии