Како би изгледало вашето куче кога би било маче?

Вашето куче е супер куче, но што кога би било маче? Ваквата мисла никогаш не нѝ поминала низ паметот, иако сме огромни фанови и на двете миленичиња. Некој од Nvidia мора да имал многу слободно време и вознемирувачки внатрешни монолози затоа што на следниот линк го дава одговорот на токму тоа прашање.

Како би изгледало вашето куче кога би било маче? Или обратно?

Најновиот алгоритам на Nvidia користи технологија која се вика FUNIT и откачена имагинација за да ја направи соодветната животинска/ расна трансформација. Она што е потребно да направите е да го посетите сајтот, да поставите фотографија од вашето милениче, да нацртате правоаголник околу главата на миленичето и да кликнете на Translate. Резултатите од пресадувањето следуваат набргу и никако не се бизарни. Кој кажа бизарни?


PetSwap демото е интересно и за прикажување како би изгледало вашето куче кога би било некоја друга раса

Демото е овозможено преку Chrome, или Firefox, но имајте во предвид дека со поставување слика од вашето милениче, автоматски се согласувате со договорите Terms and Conditions и Privacy Policy. Дефинитивно разбираме дека немате време да ги читате, па затоа искористете ги предностите на Policy Highlights за да ги истакнете клучните зборови со жолта боја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии