Како бесплатно да отстранувате флеки и дамки од фотографии?

Во случај да фотографирате долго време, тогаш можно е некои од фотографиите да имаат одредени флеки, дамки, или гребнатинки кои значително го иритираат вашето критички-настроено око. Многу програми ветуваат дека бесплатно можат да ги поправаат ваквите проблеми, но тоа е само ветување маскирано во замка, замислено да ве принуди да посегнете по паричникот и да ја купите професионалната верзија. За да не скитате или пак да купувате скапи и комплексни парчиња софтвер за ваквата намера, како Photoshop, би можеле да пробате да ги маскирате ваквите иритантни неправилности или со Paint.NET, или со GIMP.

И двата програми се бесплатни. Paint.NET ви стои на располагање тука. Откако ќе го инсталирате и вклучите, отворете ја проблематичната фотографија и изберете Clone Stamp од менито со алатки (Tool се наоѓа во горната лева страна). Со оваа алатка можете да одбележите друга слична област од сликата и да ја копирате и префрлите врз флеката, како би ја, на некој начин, прикриле. Прилагодете ја ширината на четката (Brush width) за да одговара за областа која сакате да ја поправите, наместете ја стрелката од глувчето врз делот на фотографијата кој сакате да го клонирате и, додека држите ctrl, лев клик со глувчето. Потоа, кликнете на областа која сакате да ја сокриете и флеката ќе биде заменета со клонираната област. Со оглед на тоа дека се работи за примитивна метода, финалниот резултат знае да биде со различен процент на успешност и, доколку не сте задоволни, пробајте да изберете друга област од фотографијата или, пак, намалете ја големината на четката и пробајте да дојдете до саканиот резултат во неколку наврати. Веднаш до опцијата Brush Width, ќе ја забележите и опцијата Hardness; нејзино намалување исто така би можело да вроди позитивни резултати.

Во моментот кога ќе станете вешти со ова, проверете ги и потенцијалите на GIMP. Преземете ја програмата тука и по вклучување и избирање проблематична фотографија, кликнете на Tools, Paint Tools, па потоа на clone. Погодувате, се работи за иста метода како кај Paint.NET, но, GIMP нуди напредни контроли и ви дава поголема флексибилност со клонирањето. Откако ќе ја изберете алатката Clone, ќе ги забележите контролите од левата страна на алатката. Па така, доколку ги намалите параметрите на Force, би можеле да добиете подобри резултати при вршење помали операции за одстранување флеки и слични неправилности.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии