Како алгоритмите влијаат врз нашиот свет, објаснува Кевин Славин на TED

Живееме во свет кој е дизајниран и се почесто контролиран од алгоритми, вели eкспертот за алгоритми, Кевин Славин во својот TED говор. Тој објаснува дека во моментов на Волстрит управуваат два алгоритми – едниот кој се обидува да ги подели и да ги скрие сите трансакции кои се дел од голема понуда на берзата; и другиот кој се обидува да ги открие. Како последица на ова во 2010 година, 9 отсто од целиот пазар исчезна во настанот кој е познат како „Flash Crash of 2:45“ бидејќи алгоритмите имаат веќе толкава слобода што дел од нив решаваат независно.

„Ви треба 500.000 милисекунди за да кликнете на глувчето, но ако сте алгоритам на Волстрим, и задоцните пет микросекунди, тогаш вие сте губитникот“, вели г. Славин.

Како последица на конфилкт помеѓу повеќе алгоритми книгата The Making Of Fly на Amazon се продаваше за 1,7 милиони долари, за потоа да рипне на 23,6 милиони долари. Netflix користи алгоритам за понуда на следниот филм на гледачите, Hollywood користи алгоритми за проценка на буџетот на филмовите, Roomba и Neato, два роботи правосмукалки, користат алгоритми при изборот на патеката на чистење, всушност „без разлика дали ги гледаме или не алгоритмите се почесто се насекаде околу нас“. Потребата од брзина на алгоритмите до пристап на берзата ја менува и цената на недвижностите на пазарот, цената нa земјата околу центрите кои се поблиску до серверите. Како последица на се поголемата потреба од брзина за алгоритмите да пристапат први до интеренет дел од серверите на кои ќе се наоѓаат ќе мора да бидат под вода, а со тоа ќе предизвикаат и тераформирање на планетата, се поради неколку микросекунди кои ја прават разликата помеѓу добивка и загуба на берзата.

[youtube]ENWVRcMGDoU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии