Како алгоритамот на TikTok решава што ќе ни покаже следно

TikTok  e најновата и најбрзо растечка платформа за споделување и гледање видео содржина. Една од причините за ова е алгоритамот кој го користат за прикажување на содржина. TikTok секако не е исклучок; сите конкуренти од YouTube до Facebook користат некаков алгоритам за изборот на содржина која се прикажува на корисниците.

Алгоритмите на TikTok се чини дека се направени да ја пронајдат и да ни ја прикажат содржината која најдолго нè задржува на платформата. Истражувањето на Wall Street Journal делумно покажува како функционира алгоритамот.

На почеток сите корисници започнуваат од исто место. Ги гледаат најпопуларните видеа. Потоа, во зависност од тоа кои видеа ги гледаат, колку време, и дали гледаат некоја содржина повеќе пати се креира специфична листа за корисникот. Официјално лајковите, споделувањата, каналите што ги следи корисникот, и времето кое го поминува во гледање на некој канал, имаат улога во изборот на следните содржини кои ќе му бидат прикажани.

Покрај ова 7% од содржината која му се прикажува на корисникот би требало да биде неповрзана со препознаените интереси. За жал ова не е вистинска содржина, туку рекламите кои му се прикажуваат на корисникот.

Како некој  корисник стигнува до крајната содржина

„Корисникот А“ е љубител на расата кучиња корги и почнува да гледа видеа на TikTok. Започнува како сите корисници ги гледа најпопуларните видеа. Сепак поради интересите најмногу се задржува на видеа со животни, па во листата започнува да доминира оваа содржина. По некое време алгоритамот „сфаќа“ дека „Корисникот А“ најмногу го интересираат кучиња, па почнува најмногу да му ја покажува оваа содржина. На крај алгоритамот го прави конечното филтрирање и го сместува корисникот во крајната група во која има најмногу корги видеа.

Најголем недостаток на користењето на алгоритми за прикажување на содржина е нивната тајност. Платформите љубоморно го чуваат начинот на кој ги задржуваат корисниците да гледаат содржина. Ова е проблем бидејќи недостаток на транспарентност им овозможува на овие платформи да го максимизираат времето помината на платформата, без разлика што ова често не е полезно за корисникот.

Примерот на „корисникот“ на Wall Street Journal кој гледа содржина која го прави подепресивен е одличен показател за опасностите кои се јавуваат кога се максимизира времето поминато на платформата како единствен важен податок.

1 коментар на “Како алгоритамот на TikTok решава што ќе ни покаже следно

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии