Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил

Но…Twitter профилот @A1vesti е всушност лажен профил т.е не е официјален профил на А1 телевизија.

Лажниот @a1vesti постојано објавува вести од телевизијата земајќи ги од RSS каналите. И во некоја рака тие и прават услуга на телевизијата бидејќи твитерашите преку линковите се префрлуваат на a1.com.mk. Но во оваа прилика, со едноставно 2-3 лажни твитови сериозно му наштетија на угледот, во овој случај на премиерот сугерирајќи дека го променил името на Македонија. Од друга страна лажното преставување е забрането со закон, нели? Исто како и клеветите.

А1 знае дека некој можеби ги злоупотребува на интернет, но не знаат за Тwitter, ниту дека некој лажно се преставува, ниту пак твитовите се тргнати, ниту пак се заинтересирани затоа што група корисници и нивни гледачи ги исмејуваат.

„Не сум запознаена со случајот, но што може ние да направиме? Сето тоа не е во ред.“ вели Билјана Ставрова, интернет уредник на А1 во краткиот телефонски разговор.

Ставот на А1 навистина е интересен за Twitter и лажирање на идентитет, а уште помалку се заинтересирани затоа што тие пренесуваат сериозни шпекулации. Велам тие бидејќи до вчера целокупната Twitter заедница мислеше (вклучувајќи не и нас) дека тоа е официјалниот профил на телевизијата кој се користи како RSS фид.

Сличен лажен профил има и за Сител. @Sitel_vesti работи на ист принцип како @A1vesti. Но ни Сител се грижи за лажниот профил, бидејќи по тоа што го знам имало ист обид да се истурка лажна вест, но не била доволно уочлива за да биде приметена. Единствената разлика од А1 е што Сител има официјален Twitter профил – @SitelTv.

Претходно пишував за македонските медиуми и нивното учество на интернет и на друштвените мрежи. Споредени со светски медиуми, некои од кои направија и полиса за однесување на новинарите на друштвените мрежи, заклучокот за македонските медиуми е дека воопшто не ги интересира интеракција со читателите и гледачите. А резултатот од нивното игнорирање на влијанието на интернетот врз секојдневието е едноставо исмејување на нивната работа.

Сепак целата случка со лажните профили е навистина корисна од аспект да разгледате што може вие да направите на вашиот бренд, вашето име, вашето дело, компанија или продукт. Најдоброто што можете да го направите е да се инволвирате, да станете достапни за да можете да одговорите на критиките или пофалбите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии