Како 12 годишник направи 98 онлајн игри

Сакам да бидам програмер кога ќе пораснам, вели 12-годишниот Алекс Фојт од Албани, Њуjoрк. Неговата желба најверојатно ќе се исполни, бидејќи младиот ентузијаст работи напорно. Веќе има креирано 98 видео игри за шест години што му носи огромно искуство и разбирање за концептите на програмирањето. Секако игрите не се супер-квалитетни, но идеите се доста интересни, меѓу најпопуларните му е игра со избегнување на летечки моркови и кокошки кои паѓаат од небо.

Фојт научил кодирање со програмерскиот јазик Lua, пишува Bloomberg. Јазикот има едноставна синтакса која е лесна за учењe. Од како ги совладал основите малиот ентузијаст започнал да учи и потешки јазици.

Неговите игри можат да се најдат на Roblox, платформа со 11 милиони месечни посети, преку која корисниците креираат и играат игри. Најчесто вакви платформи се користат од поголемите компании како Google и Cisco за да откријат идни таленти.

Mлади таленти и програмски јазици

Крис Стивенсон од американската Асоцијација на професори по компјутерски науки, вели за Bloomberg дека лесните програмски јазици како Lua и онлајн курсевите не се доволни за да се мотивираат помладите. На нив треба да им се даде шанса, посебно сега кога младите се соочени со невработеноста, додека на пазарот има куп слободни места за програмери.

1 коментар на “Како 12 годишник направи 98 онлајн игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии