Кај се парите? xkcd претстави гигантски инфографик Money

Познатиот блог за веб стрипови xkcd објави огромен инфографик Money во кој го разгледува користењето (и влијаниетo) на американскиот долар во неверојатен детал: од колку се трошат просечно во ресторан од просечен гост до колку троши САД во војните, колку милијардери има, колку пари имаат тие, колку се трошат за парламентарни избори во САД до колку чини една видео игра.

Малите зелени точки го претставуват единечниот долар, портокалови се за илјадници долари, сиви за милиони итн. Следејќи ги парите може многу лесно да се види визуелно која е всушност разликата од неколкуте долари до неколкуте милијарди долари, и да се сфати за што се користат парите.

Инфографикот Money може да го купите и да го закачите на ѕид, доколку имате толку голем ѕид за слика од 12.528 x 8.352 пиксели. За да се види инфографикот на цел екран потребни се 48 22-инчни монитори. Доколку ви се потребни референците што се користени во инфографикот, нив може да ги симнете во .csv фајл.

Инфографиците, сите, не само од ваквите гигантски, се интересен начин да се стави визуелна перспектива на нештата. Тешко е веројатно дека поголемиот дел од корисниците би седнале да читаат за патот на парите, но затоа преку инфографик, фрлајќи поглед само на сликите, истите корисници ќе можат многу лесно да го сфатат колку всушност вреди Apple, а колку Saudi Aramco, колку пари има Варен Бафет, колку САД троши на војни, колку чини просечен дом…

(почетната слика е на tobym/Flickr)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии