Каде се факултетите на друштвените мрежи?

Ова најверојатно е периодот во кој факултетите треба на големо да ја привлекуваат следната генерација на студенти. Инспирирани од текст на Netokracija прегледавме неколку универзитети и нивното присуство на друштвените мрежи. Нема да споменуваме имиња во текстот, но се надеваме дека истите ќе се пронајдат и ќе се корегираат.

Се чини дека во користењето на друштвени мрежи и нема некаква разлика помеѓу факултетите во Македонија и Србија. Најголем дел од факултетите имаат профили на друштвените мрежи, но дали нивните објави стигнуваат до оние до кои тоа и е потребно, останува прашање.

Можеби прво прашање на кое треба да се даде одговор е кои се друштвените мрежи кои треба да се таргетираат. За жал, релевантни податоци за демографијата за користење на друштвените мрежи не се достапни. Па така, иако факултетите се на Facebook, можеби идните студенти се на Instagram или Snap, што значи дека не стигаат до целната група.

Она што го забележуваме е дека нема спонзорирани постови од универзитетите. Иако Facebook рекламите и не би чинеле премногу за фино таргетирана група (можеби идни студенти и нивни родители), реклами нема…

Што се однесува до квалитетот на објавите и тука има куп прашања. Зошто на официјални профил на факултет се потребни мемиња останува непознато. Дополнително, дел од страниците на универзитетите наликуваат на огласни табли за пракса. Речиси без исклучок, постовите на факултетите се нерелевантни!

Единствен пристоен профил на друштвените мрежи на кој налетавме е оној на Архитектонскиот факултет. Можеби среќна околност е што имаат настани, па имаат и што да споделат. Засега ниту еден од факултетите нема најава за уписите.

Можеби најголем проблем не е неприсуството на факултетите на друштвените мрежи, иако има факултети кои немаат профили, туку минималниот напор кој го прават факултетите во одржување на своите профили на социјалните мрежи. Со малку повеќе финансиско инвестирање, но поважно, човечко залагање резултатите би можеле да бидат многу подобри.

Еден од начините на кои би можеле да се водат овие профили се како профили на компании. Со таа разлика, што за разлика од компаниите, факултетите веќе знаат која им е публиката, или барем главниот дел од публиката.

Не зборуваме за Facebook страниците на сите универзитети. Секако дека можеби некои издвоени случаи се многу подобри од овие, но генерално присуството на друштвени мрежи треба да биде многу подобро.

1 коментар на “Каде се факултетите на друштвените мрежи?

  1. Во врска со спонзорирањето на постови, податокот ви е непроверен.
    Економски факултет спонзорира постови за време на уписите во сите рокови, едноставно Вие не сте целна група и не ви се покажува постот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии