„Како навистина изгледа неговото виртуелно водење низ Лувр, може да се провери на Интернет-страницата на музејот.“ пишува К.Р на сајтот на Утрински Весник.

Како што е на сајтот на Утрински, така и тука не ставив линк до страната на музејот. Ако сте заинтересирани да ги видите „иновативните интерактивни“ новини сепак ќе мора да се помачите да ја најдете страната преку Google. Ако сте корисник кој се разбира од интернетот – супер. Ако сте читач кој е аматер кога се работи за Вебот тогаш – штета, читајте нешто друго!

Тоа е проблем за корисниците. А решението е многу едноставно, како што објаснува Волан на својот блог во пост „Што недостасува во написот „Лувр има виртуелен кустос“ ?!”, пост во кој кратко и јасно ги истакнува грешките кои ги прават македонските весници со нивните онлајн изданија.

„Недостасува интернет Линк до Музеј ЛуврLouvre и особено до оригиналната приказна од написотЛинкот би ни помогнал да пиеме изворна вода за написот од весникот и би ни ги проширил хоризонтите на истата тема …“ вели Волан со што го надополнува текстот на Утрински допринесувајќи да може „написот со поголем интерес и уживање да се чита на интернет“.

Линкањето е суштината на интернетот. Sharing is caring. Без споделување не може да функционира мрежата.

Меѓутоа ниту едно онлајн издание на македонските весници не ги користи линковите да ги поврзе читателите со други релевантни извори, туку само објавуваат ѕид од текст. Дури и кога пишуваат за веб сајтови не обезбедуваат линк до тој сајт, со што тотално бегаат од контекст.

Ако сакаш да ми кажеш дека сајтот на Лувр е иновативен, линкај до него, но не ме оставај мене, просечен корисник, да се губи по Google и други сајтови дежифрирајќи што е тоа што за тебе, новинарот, е иновативно.

Дополнително Волан во уште една кратка реченица јасно истакнува друг поголем проблем.

„Недостасува оригинален транскрипт на оделни имиња, како она на името на првиот кустос во Лувр – Доминик Виван Денон. И тука оригиналниот транскрипт на името Dominique Vivant Denon, би ни помогнал да откриеме кој е Dominique Vivant Denon.“

Ок, еве од прва како се пишува познатиот француски поет Артур Рембо? Отидете на Google и го времето меѓу стотици сајтови кои наведуваат на други нешта, наместо да го барате правиот Рембо.

Транскрипцијата не е проблем, за некои си го штитиме македонскиот јазик, нели?, но само со еден линк можете да го посочите корисникот кон правата информација.

Интернетот е ризница на информации, а медиумот треба да не информира, да ни ги донесе тие информации, а не да ни ги крие бидејќи самите се кратковиди за променетото време.

3 коментари на “Kaде македонските весници грешат со онлајн изданијата

  1. Ако се знае колку истите македонски весници го малтретираа time.mk, веројатно се плашат дека Лувр ќе им побара да достават писмена молба за линкот во три примероци, преку две адвокатски канцеларии, заверено на нотар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии