Кабел копија на „Lightning“ е уште една „главоболка“ за сопствениците на iPhone

По изгледот нема да препознаете дека не е „lightning“ кабел од Apple, но O.MG-кабелот е алатка за хакирање. Со помош на кабелот напаѓачот ќе се здобие со „remote“-контрола врз компјутерот.

Безбедносниот експерт MG ја претстави алатката на Def Con, но наместо рачно сега кабелот се произведува во фабрика, јави Motherboard.

Во кабелот е сместен „wireless hotspot“ кој на напаѓачот му овозможува да преземе контрола врз компјутерот, да испраќа команди или да ги прегледува фајловите на корисникот.

Цената на прототип на кабелот е 200 долари, но посакуваната цена би требала да се спушти на 100 долари. Продажбата и дистрибуцијата на кабелот ќе оди преку компанијата Hak5. Првите кабли кои ги понуди Hak5 веќе се распродадени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии