Во наредниот период ќе се отвори линија за помош која ќе го зголеми знаењето на родителите и децата за самозаштита, како и да ги насочи лицата кои сакаат да пријават детска порнографија на интернет, вели ИТ министерот, Иво Ивановски по состанокот на новото Советодавно тело за заштита на деца и млади од нелегални содржини на интернет.

Линијата за помош е дел од мерките кои ќе ги опфати новиот проект за заштита на децата. Клучни области за грижа опфатени со овој проект се нелегалната содржина, детската порнографија, онлајн додворувањето, говорот на омраза и заштита на личните податоци. Покрај заштита на децата ќе бидат едуцирани и постарите преку Центар за подигнување на свеста кај локалното население.

„Ќе се фокусираме на развојот на едноставни и робусни алатки за пријавување од страна на интернет заедницата, развој и имплементација на соодветни алатки за подесувањата за приватноста според возраста, како и поширока употреба на класификацијата на содржините и поширока достапност и употреба на алатките за родителска контрола.“, вели претставникот на Интернет хотлајн провајдер Македонија, Виолета Ѓорѓиевска.

На првиот состанок на Советодавното тело за заштита на деца и млади од нелегални содржини, загрозувања и активности кои постојат на Интернет, присутни беа претставници од Единица за компјутерски криминал при МВР, Агенцијата за електронски комуникации, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Македонската асоцијација за информатички технологии (МАСИТ), како и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии