Ќе може ли Pickbox.tv да биде регионален Netflix?

House of Cards, Blacklist, Better Call Saul, Powers, Fargo и куп други нови и постари серии им се достапни на корисниците на Pickbox.tv, регионална интернет телевизија, која е достапна во: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Тоа што сервисот ги аргетира речиси сите пазари во регионот не е изненадување, напротив се чини дека е единствено можно решение, со оглед на тоа дека сепaк станува збор за мали пазари, па со нивно спојување на корисниците може да им се понудат понови и повеќе содржини. Укрупнувањето на пазарот е тренд и во регионите каде таквата практика е поисплатлива.

Pickbox.tv е нешто налик на американските Netflix или Hulu. Се работи за video-on-demand сервис кој за претплата ви дава пристап до содржина, наместо таа содржина да ја пиратирате. Но, пиратеријата е реалнoст за многу македонски фанови бидејќи пред се е бесплатна, но и бидејќи така доаѓаат до содржина која не е наменета за локалниот пазар. Таа нова содржина е една од причините зошто HBO во Македонија е популарен претплатнички канал. HBO ги емитува светските премиери на популарни серии што му дава предност пред телевизијата. Пример, HBO прикажува нова епизода од Game of Thrones во HD квалитет ден-два пред таа да биде пиратирана со сомнителен квалитет.

Но, HBO е врзан за телевизијата, што му дава шанса на Pickbox.tv да привлече интернет корисници кои сакаат квалитетна содржина. Секоја содржини која ја нуди сервисот е локализирана, па секој може да ги гледа своите омилени серии со титлови на претпочитаниот јазик, само еден ден откако ќе биде нивната светска премиера. Според сајтот на Pickbox телевизијата нуди над 70 ТВ серии и 300 филмови, документарци од BBC, цртани од Disney на било кој уред кој го поседува корисникот од паметен телефон, па се до паметен телевизор и компјутер. Но, иако бројката е импресивна, Pickbox.tv мора да биде во текот со времето и да носи нова содржина пред таа да добие своја пиратска копија.

Можеби најголема мана на сервисот се правилата за користење, односно можноста сервисот во било кое време да прекине дел од програмата – „PICKBOX ДОО за услуги може да престане да испорачува кој било дел од информациите или кој било вид информации“. Ниту еден од гледачите нема да биде задоволен доколку неговата омилена серија или филм е исклучен од програмата, иако пракса кај интернет телевизиите е однапред да ги најават сериите и програмата која ја емитуваат или прекинуваат. Друга маана е што Pickbox се чини работи само со телевизорите на Samsung и LG, но може да се користи на било кој десктоп, Android и iOS телефони и таблет компјутери. Цената на Pickbox.tv е 300 денари месечно за најмногу три уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии