Ќе може ли откачениот стрип на Oatmeal да го убеди Илон Mаск да го изгради Музејот на Никола Тесла?

Откако стартуваше успешна краудфандинг кампања со која се собраа 2 милиони долари за да се спаси земјиштето на кое се наоѓаше лабораторијата на пронаоѓачот Никола Тесла, Метју Инман сега се обиде да го ангажира Илон Маск, основачот на Tesla Motors, Space X и PayPal, да вложи околу 8 милиони долари за да се изгради Музејот на Никола Тесла. Г. Инман, oсновач на популарниот комичен сајт Oatmeal, го испрати барањето на негов својствен начин – преку < креативна и откачена резенција на електричното возила Tesla Model S. Oткако го рецензираше „електричното магично возило“, г. Инман му го посвети вториот дел од рецензијата на г. Маск, листајќи причини зошто баш тој треба да помогне да се изгради музејот.

Илон Маск, пак, е основач на Tesla Motors, компанија за електрични возила, која иако го носи името на познатиот пронаѓач и го користи неговиот патентиран изум за електричен мотор од 1880-тите, сепак не плаќа ништо за изумот бидејќи индустриските права за патентот се истечени. Интересно, во краудфандинг кампањата да се спаси земјиштето г. Муск донираше пари, и беше дел од заедницата која ги собра потребните 2 милиони долари. Но, Oatmeal очекува повеќе од човекот кој има средства да инвестира 8 милиони долари во Музеј на Никола Тесла, чие име и изум му овозможија да има револуционерна компанија. Според г. Инман, било која сума помала од 8 милиони долари нема да ја подобри сегашната ситуација.

„Илон Маск, ако го читаш ова, не ни должиш ништо, ниту пак правиш нешто друго освен добри работи во името на Никола Тесла. Нo фактот останува: Тesla Motors, компанија која вреди милијарди го користи името на Никола Теска и неговата технологија, и се што бараме за возврат е малку помош“, вели г. Инман во својот стрип.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии