Ќе може ли Facebook Messenger да им конкурира на Skype, WhatsApp, Line?

Facebook работи на својата „чет“ апликација која е достапна на Android, BlackBerry и iPhone, и на која наскоро може да видиме видео повици, игри и други додатоци кои ќе ја збогатат апликацијата за да биде конкурентна на Line, WeChat или WhatsApp, пишува The Next Web.

Неодамна компанијата ја надгради својата iOS апликација и овозможи бесплатни VoIP разговори во Северна Америка. Следен чекор би требало да биде овозможување на видео разговори, кои ќе овозможуваат поврзување на корисниците на сите оперативни системи (Android, iOS, Windows, Blackberry) да разговараат помеѓу себе. Најголема предност која друштвената мрежа ја има пред конкуренцијата е огромниот број на корисници. Facebook има над милијарда корисници, што е далеку подобро споредено со азиските гиганти WeChat кои имаат 300 милиони, и  Japan Line 100 милиони корисници.

Next Web предвидува дека Facebook месенџер наскоро ќе може да се споделува мултимедијални содржини во разговорите. Со оглед на карактерот на друштвената мрежа, споделувањето на видео или слики изгледа природно. Ова ќе овозможи споделување на сетови на емотикони по кои се полудени азијците иако „Hello Kitty“-лудилото тешко го зафаќа западниот пазар. Facebook е компанијата која ги популаризира „друштвените игри“, но на полето на игри за паметни телефони, се далеку од врвот. Доколку успеат да ги интегрираат игрите и чет услугата во иднина ќе можат да очекуват профит и од оваа гранка.

Сепак пред Facebook стојат голем број конкуренти кои се иноваитвни со своите мобилни апликации, а за да може да го исткористи тој огромен пазар – 40% од милијардата на Facebook пристапува преку мобилен – Facebook ќе мора да понуди многу повеќе од само способност за четување.