Ќе може ли Cortana да ви помогне со обложувањето во Премиер лига?

Гласовниот асистент на Microsoft, Cortana ќе започне да ги прогнозира и резултатите на Англиската премиер лига. Првата прогноза е за најстарото градско дерби во Англија помеѓу Ливерпул и Евертон, а Cortana прогнозира дека 12.5 отсто се поголеми шансите за победа на Ливерпул. За второто градско дерби кое се игра викендов Арсенал и Тотенхем, Cortana пресмета дека Арсенал е фаворит со 13.1 отсто поголеми шанси за победа, јави Microsoft на својот блог.

Корисниците на Windows Phone 8.1 можат да ја побараат прогнозата од Cortana гласовно или да напишат прашање, на неколку начини:

  • Predict (име на клубот) match
  • Who will win the match between (име на клубот) and (име на клубот)?
  • Will (име на клубот) beat (име на клубот)?

Колку ќе се покаже како успешна Cortana во предвидувањата, ќе може да видиме откако ќе се одиграат натпреварите, но кога е во прашање натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул, како фанови на црвените, убедени сме дека победникот е точен :).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии