Ќе гледате филмови за празниците? Само ако се според видео игри…

За многумина од нас новогодишните празници се период во кој сакаме да изгледаме дел од филмовите или телевиските серии кои ги сме ги пропуштиле. За жал во последниве години се помалку гледаме различни содржини на каналите на македонските телевизии, затоа се решивме за овие празници да ви препорачаме една поразлична листа на филмови.

Иако квалитетот на најголем дел од филмовите во листата нема да го внесе нашиот избор за „листа на најдобрите филмови било кога направени“, тоа не ни е ни целта. Целта е да ве потсетиме на една интересна и носталгична листа на филмови кои се направени по видео игри во кои навистина сте уживале, а филмот ќе го изгледате токму поради тоа.

Final Fantasy: The Spirits Within e направен по истоимената игра. Филмот технички навистина изгледа имресивно. Направен е во 2001 и за жал многумина сметаат дека прекумерните вложувања во филмот се причина за пропаѓање на студиото кое го издаде. И покрај неуспехот на благајните, фановите на Final Fantasy, тврдат дека Spirits Within е најдобриот филм направен по видео игра.

[youtube]GnE64DbnUzY[/youtube]

Max Payne филмот сепак не ги следи цврсто настаните од ниеден дел на видео играта. Атмосфeрата во филмот потсетува на таа во играта, а во филмот играат Марк Волберг и Мила Кунис, што можеби даваат малку холивудски шарм на филмот. Најголем број на забелешки за филмот се дека е премногу сериозно направен од краторите.

[youtube]Q2jAEoBz6RY[/youtube]

Сценарито на Hitman филмот не ја следи приказната од игрите, што е навистина разочарување. Дури и одличниот Тимоти Олифант како Agent-47 не успеа да привлече доби добри критики од гледачите. Сепак заработувајќи 128 милиони долари и со буџет од 24 милиони, Hitmen го задоволи критериумот за второ продолжение на филмот.

[youtube]Uh2fYGssoFI[/youtube]

Prince of Persia: The Sands of Time е направен според една од најиграните и најомилени игри во деведесетите. Филмот ги следи настаните од Sands of Time, но во него се измешани и делови од Warrior Within и Two Thrones. Филмот е одлична адаптација на видео игра со многу акција, мечување и магии, што е секако голем дел и од самата игра.

[youtube]bZ7Li5w2I-k[/youtube]

Tomb Raider со Анџелина Џоли! Морам да признаам дека не сум преголем фан на Tomb Raider, но Анџелина Џоли е совршен избор за Лара. Со загатките и престрелките филмот секако ќе ве потсети на играта. Како играта и филмот целосно се потпира на протагонистот. Со оглед на тоа дека досега не сме виделе подобар избор за главната улога, тоа и не е премногу лошо.

[youtube]cnNBqNb3taw[/youtube]

Silent Hill: Revelation 3D филмот содржи делови од првите четири игри и се наоѓа во горниот дел на листите на филмови направени по видео игри. Играта е хорор-авантура и на телевиското платно е пренесена како таква. Но, филмот како играта се доста уникатни за пошироката публика, но за фановите на хорор приказни се неверојатно забавни.

[youtube]f5mT5LhbRJw[/youtube]

Resident Evil е сигурно играта која има најмногу продолженија во филмскиот свет. Филмот успева да следи дел од приказната, иако како и за најголемиот дел филмови направени по игри се чини подобро е да ја изиграте играта, уште еднаш отколку да го изгледате филмот.

[youtube]ZayF9-mCVH4[/youtube]

Super Mario Bros. e филм за најпознатиот херој од видео игрите. Но, иако играта е култна, филмот од 1993-та година не може да се пофали со таков статус бидејќи беше навистина лош и некако неповрзан со тоа што го имаме видено во играта.

[youtube]wtMZKYnLg5c[/youtube]

Street Fighter е филм со Жан Клод Ван Дам. Тоа име дефинитивно асоцира на акција. Но, и со Кајли Миног. Филмот е дефинитивно различен од играта, чуден е во секој случај, но е доста акционен со обиди да се реплицираат клучните удари кои ги прават ликовите во играта.

[youtube]HsTKoGcFS78[/youtube]

Ако имате некоја друга препорака за филм според видео игра, слободно пишете ни во коментарите.

1 коментар на “Ќе гледате филмови за празниците? Само ако се според видео игри…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии