Јужна Кореја размислува за воведување данок на роботи

Најверојатно најроботизираната држава на светот, Јужна Кореја можеби ќе биде првата која ќе започне да ги даночи роботите, јави Mashable.

Во реалноста најавената ситуација е малку поинаква. Јужна Кореја им овозможува сериозни даночни олеснувања на фабриките. Доколку фабриката започне да ги менува луѓето со роботи, ќе ги намалат даночните oлеснувања за овие фабрики.

Во моментов даночните олеснувања на автоматизирана фабрика се помеѓу 3% и 7% од вредноста на инвестицијата. Но, на крајот на годината оваа пракса завршува. Очекувањата се дека од крајот на 2017 година до 2019 година, даночните олеснување на фабриките кои користат роботи ќе се намалат на 2%.

Јужна Кореја е државата која има најмногу роботи споредено со работници. На секој 10.000 вработени има 531 индустриски робот. Ова важи за производствените постројки.

„Иако не е директен данок на роботи, но може да биде интерпретиран како слична политика бидејќи го третира прашањето на автоматизација“, вели претставник од индустријата за Korea Times.

Неодамна и Бил Гејтс предложи вакво решение.

Причината за ова е што во иднина сè поголем број на работници ќе бидат заменувани со роботи. Ова може да го намали финансискиот прилив во буџетот. Тоа секако не е во согласност со желбата на општеството за подобро социјално згрижување. Подобрувањата на: грижата за стари лица; подобро образование; подобро јавно здравство; пожарната и полицијата се директно зависни од буџетот.

„Во моментов луѓето работат и заработуваат да речеме 50.000 долари. Овој приход се даночи со данок за доход, данок на социјална безбедност, и слично. Ако робот ја прави истата работа би требало и роботите да ги даночиме слично.“, вели Бил Гејтс

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии