Јужна Кореја прави војни вежби против сајбер напад на нуклеарни централи

Минатата недела беше доста страшна за Јужна Кореја чии планови на нуклеарна централа се појавија на Интернет. Сепак, поради нападите врз Sony кои беа главна вест минатата недела, веста за сајбер напад и споделување на документи од јужно корејската електрана остана незабележана.

Последната објава покрај плановите доаѓа и со предупредување доколку до Божиќ не биде затворен реакторот луѓето би требало да останат подалеку од нив. Станува збор за електрани на KHNP кои се одговорни за работата на над 23 нуклеарни реактори.

„Можам да споделам 100.000 страни материјал кој до сега е необјавен. Велите дека ова не се доверливи материјали. Дали ќе преземете одговорност доколку им бидат дадени, податоци за: шематските планови, системите и софтверот кој го користите, на државите кои ги сакаат“, вели напаѓачот потпишан како претседател на анти-нуклеарна група на Хаваи.

Уплашени од заканите, но и можноста за нов напад, Јужна Кореа започна со „воени сајбер вежби“. Вежбите покажуваат колку е сериозна ситуацијата со нуклеарната електрана откако беа објавени спецификациите за одржување и ладење, како и извештајот за изложеност на радиација на вработените.

Како и во случајот на Sony главен обвинет за нападот е Северна Кореја, која и во овој случај како и во сите останати се оградува од обвиненијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии