Јужна Кореја најави забрана за тргување со крипто-валути

Властите од Јужна Кореја објавија дека планираат да забранат тргување со крипто-валути. Главна причина за забраната е да се оневозможи неплаќањето на данок. Речиси веднаш по објавата, започна и падот на дел од криптовалутите. Биткоин падна од 15.000 долари на 13.300 долари, пред да се стабилизира.

Со оглед на тоа што Јужна Кореја е технолошки гигант, изјавата за забрана за тргување на крипто валути е помалку изненадувачка. Поседувањето на крипто-валути не е прекршок, но тргувањето на берза ќе биде.

„Постојат многу причини за загриженост поврзани со виртуелните валути. Министерството за правда подготвува закон со кој ќе забрани тргување со крипто валути на берза“, вели министерот за правда Парк Санг-ки.

За законот и официјално да биде донесен ќе треба да биде изгласан од мнозинството пратеници во парламетот на Јужна Кореја. Веќе постои петиција која набрзина ја поддржаа над 55.000 Јужнокорејци за откажување од оваа мерка, објави Reuters. Јужна Кореја е една од државите каде крипто валутите имаа најголемо прифаќање , па петицијата не е изненадување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии