Јужна Кореја ќе ги казни оние што мамат во е-спортот со затвор

Кога Јужна Кореја е во прашање е-спортот е на сосема друго, повисоко ниво од било каде во светот. Колкава е разликата покажува фактот за сериозниот план со кој ќе се справат со онлајн измамниците. Играчите кои креираат или споделуваат софтвер за мамење во онлајн игрите досега вообичаено добиваа забрана. Но, во Јужна Кореја сега ги чека и затворска казна.

Дека не станува збор за симболична казна, говори и фактот дека е предвидена 5 годишна затворска  казна или надомест од 43.000 US долари. Издавачите и девелоперите се обидуваат да стават крај на злоупотребите, но често забраните се недоволни. Новата промена може значително да им помогне на Blizzard, Riot и Valve за намалување на злоупотребите.

Иако законот не зборува за забрана на употребата на овој софтвер секако е наменет за нејзино искоренување. Можеби најважно за oва е да се направи разлика помеѓу вистинските измамници и луѓето кои прават модови. Едните и другите прават промени во играта што можеби ќе го олеснат играњето, па веројатноста некој кој работи на мод на игра да биде погрешно обвинет е реална.

Во последно време играта со најмногу проблеми со „олеснување“ во Јужна Кореа е популарната Overwatch.  Aimbot, хак, скриптери се дел од софтверот кој се користи за полесно играње, а наскоро може да биде значително пoмалку застапен, јави PvPLive.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии