Јужна Кореа забрани продажба на производи на Аpple и Samsung поради прекршени патенти

Судот во Сеул одлучи дека и Apple и Samsung ги нарушиле авторските права за неоколкуте патенти за мобилни уреди. Apple со своите уреди нарушува два патента, а Samsung едно авторско право. Отштетите кои треба да ги платат компаниите се 35.000 долари за Apple и 22.000 долари за Samsung.

Со одлуката доаѓа и забрана за продавање на неколку производи во Јужна Кореа. Apple нема да смее да ги продава iPhone 3GS, iPhone 4, iPad и iPad 2. Samsung пак во својата матична земја нема да може да ги продава Galaxy SI и SII, но и Galaxy Tab и новиот таблет компјутер, Galaxy Tab 10.1.

Покрај пресудата јужнокорејскиот суд одлучи дека нема можност консументите да ги помешаат производите од двете компании, што е поблиску до ставот на Samsung дека на ниедна компанија не смее да и се дозволи да патентира и монополизира генерички карактеристики за дизајн на своите уреди.

Во споредба со тужбата на Apple во Калифорнија, САД, пресудата од Ј. Кореа изгледа минорна. Во САД Apple бара отштета повисока од 2,5 милијарди долари, наспроти 35.000 долари од Кореа. Симболичноста на оваа пресуда се огледа и во уредите кои нема да смеат да се продаваат во Ј. Кореа, но тука не се присутни новите модели iPhone 4S и Galaxy SIII.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии