JustAbout.co ги интегрира друштвени профили на вашата компанија во еден веб сајт

Секоја компанија која има блог, како и повеќе профили на друштвените мрежи како што се Facebook, Twitter, би требало да има и еден мал едноставен веб сајт кој ќе ги обедини сите овие профили. Сајтот JustAbout.co им овозможува на компаниите да ги интегрираат сите свои друштвени мрежи во мал едноставен веб сајт кој може да биде подесен според потребите на компанијата.

JustAbout.co овозможува на брз и едноставен начин да се претстави било која компанија со креирање на веб сајт од само една страна. Покрај можноста да се интегираат официјалните профили кои компаниите ги имаат на било кои друштвени мрежи, JustAbout.co овозможува интеграција и на Google map. JustAbout.co е лесен за користење, бидејќи сè што е потребно е да се одбере фотографија, и да се напише опис за компанијата. Исто така возможно е и HTML уредување.

Наскоро се очекува JustAbout.co да воведе и премиум опции, како што е можноста компаниите да имаат сопствен домејн. Според еден од креаторите, Аријана О’Дел, сè уште не се знае точно кои опции би се наплаќале а кои би биле бесплатни. Доколку сакате да го испробате, упатете се на официјалниот сајт и побарајте покана за пријавување.

1 коментар на “JustAbout.co ги интегрира друштвени профили на вашата компанија во еден веб сајт

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии