Joomla! најзастапена кај .mk домените

Македонската Joomla! заедница направи истражување за застапеност на системите за менаџирање содржини (CMS) кај македонските веб сајтови. Според истражувањето кое го отчитувал мета тагот <generator>, Joomla e убедливо најкористен CMS, користен од 12.94% од активните македонски домени кои дозволиле пристап до мета информацијата.

За истражувањето се искористени регистарот на МАРНет, страната домеj.от.мк која ги следи новите .мк домени, PHP скрипта и OpenOffice калкулаторот за пресметките и графиката.

Според регистарот, заклучно со 06.08.2011, се регистрирани 19.846 .мк домени. Од нив активни се 13.488, а неактивни се 6.358 .мк домени. Oд активните домени:

  • во Joomla! се направени 1.746 или 12,94%
  • во WordPress се направени 275 или 2,04%
  • во Drupal се направени 11 или 0,08%
  • во TYPO3 се направени 58 или 0,43%
  • во домашниот ALBART се направени 36 или 0,27% од вкупно активните домени.

Во истражувањето се забележува и дека најголем број се оние страници што немаат мета таг запис за тоа во што се изработени. Ова може да значи и дека се изработува сопствен код, не се открива користената алатка или пак нема знаење како да се сподели таа информација…

(via @Darko156/@GixxerMKD)

1 коментар на “Joomla! најзастапена кај .mk домените

  1. Голем дел од WordPress додатоците што се за заштита ги отстрануваат податоците кој софтвер се користи и која верзија, сепак преку изворниот код може да се види дали сајтот е WordPress (патеките за темата и сл., /wp-content/).

    Мислам дека WP има поголем процент од моменталите 2, но не доволно за да ја стигне Џумла во користеност кај македонските сајтови.

    Поздрав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии