Џон Мекафи сака да ви продаде гаџет од 100 долари кој ја блокира NSA

Основачот на безбедносната компанија McAffe, Џон Мекафи, ја најави својата нова иновација за која вели дека може да ја надмудри американската Агенција за национална безбедност (NSA). NSA е инволвирана во скандалите кои, со помош на доверливите документи на Едвад Сноуден, откриваат дека агенцијата буквално го прислушува Интернетот и може да пристапи до податоците на милиони корисници.

После видеото во кое г. Мекафи на многу изненадувачки начин прикажа како корисниците да ја избришат анти-вирусната програма која самиот тој ја создаде, на саботниот настан во San Jose McEnergy Convention Center, тој го откри својот план за создавање на гаџетот „D-Center” кој комуницирајќи со паметните телефони, компјутерски таблети и лаптопи ќе создаде децентрализирана мрежа до која нема да може да пристапат владините агенции. Уредот што сака да го создаде Мекафи не сака да чини повеќе од 100 долари.

„Нема да постои начин за владата да ви каже кои сте и каде сте”, вели Мекафи. Со помош на неговиот уред ќе може да се создадат мали приватни мрежи до кои нема да може да пристапи никој надвор од нив. На овој проект работи неколку години, но посебно е активен во последните неколку месеци. „Уредот не е замислен да го замени интернетот, туку на корисниците им нуди локална динамичка мрежа во која корисниците ќе може да комуницираат и разменуваат податоци. Ќе поддржува приватен и јавен мод, а во план е да се користат и јавни јазли.”, смета г. Мекафи.

Уредот за кој тој тврди дека има развиено енкрипција која нема да може да ја пробијат од NSA, можеби најголема примена ќе најде кај студентите кои би можеле да разменуваат податоци без да бидат следени. Нешто слично како што беше Napster во деведесетите и размената на музика, бесплатно, преку peer-to-peer мрежата.

[youtube]e89ODlB1MIA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии