Tropos AR бара талентиран Unity 3D девелопер

  • вработување
  • Од каде било

Tropos AR бара Unity3D делопер кој ќе биде одговорен за развивање на Augmented Reality SDK и други апликации. Ќе соработувате со product owner, и со тим лидерот за да ја развиеме најдобрите AR технологии за нашите корисници.

Одговорности:
– Разбирање на бизнис и корисничките барања

– Давање на естимации за задачите
– Пронаоѓање на креативни решенија за техничките проблеми

– Учество во анализа и создавање на архитектурата на кодот

– Пишување на стандардизиран и добро искоментиран код

– Пишување на Unit и интеграциски тестови

Вашето искуство:
– Докажано искуство со Unity3D и C#

– Докажано искуство со користење на Unity 3D едиторот

– Претходно искуство со развивање и публикување на апликации за Android и iOS

– Искуство со интегрирање на web api повици во Unity

– Искуство со Git, Unity Collaborate или друго решение за верзионирање на код
– Работење во Agile околина
– Способно за само менаџирање и самостојна работа

Дополнително:
– Искуство со Objective-C/Swift и Java/Kotlin
– Искуство со React Native или Flutter
– Интеграција на Unity во нативна апликација

– Претходно искуство со користење на Unity Cloud

Што ќе добиете за возврат:
– Можност за работа во млад и динамичен тим

– Флексибилни работни саати

– Бидете дел од тим кој расте и се развива

– Работете на сопствен продукт

За нас:
Tropos AR добро финансиран старт-ап кој брзо расте и се развива што ги подобрува искуствата на потрошувачите надвор од домот во трговски области, спортски настани, аеродроми, тематски паркови и многу повеќе. Ние ја користиме аугментираната реалност како дигитален мост помеѓу дигиталниот и физичкиот свет. Исто како што можете да ја интегрирате рекламната мрежа на Google Banner во која било веб страница, Tropos AR гради портална апликација, како и SDK што може да се имплементира во која било мобилна апликација.

Тагирано со: , ,

За да аплицираш за оваа позиција испрати ги твоите детали преку e-mail на: ivan.ivanovski@tropos.ar